Почитувани посетители, Од името на ЛОГОС ОКСФОРД училиштата за странски јазици и компјутери ви посакувам добредојде на нашата веб страна. Како училиште кое е меѓу водечките во регионот, имаме за цел да изградиме професионален и пријателски однос со нашите клиенти, да ги задоволиме постоечките потреби, но и да бидеме во чекор со идните. Создадовме нов имиџ и нови содржини за да бидеме блиску до вас, нашите почитувани посетители. Денес јазикот и информатиката се суштествени за да бидеме дел од модерното живеење, а Интернетот е главната патека по која најбрзо се пренесуваат информациите. Затоа, со нашата веб страна ви нудиме виртуелно место каде ќе можете да добиете информации за нашите училишта за странски јазици и компјутери. На нашата страница вие можете да најдете информации за целокупната понуда од страна на нашите училишта: јазични курсеви, компјутерски курсеви, специјализирани курсеви, збиднувања, натпревари, меѓународни тестови... Не заборавивме и на можноста вие нашите ценети студенти и посетители да го кажете своето мислење преку коментарите и преку нашата контакт електронска пошта. Се надеваме дека www.logosoxford.com.mk ќе биде едно од вашите виртуелни места каде секогаш ќе ги добивате потребните информации во врска со нашите училишта за странски јазици и компјутери. Искрено ваша, Симона Живковиќ
|
|
|||||||||||||||||||
|
© Logos Oxford, 2001-2006.
All rights reserved. v1.2
|
||||||||||||||||||||