НАПРЕДНИ НИВОА ::
англиски јазик
 

Како награда за макотрпната работа застапена во наставата во нашите училишта се успешните резултати на испитите за меѓународно признатите дипломи и тестови. Најстручните консултанти за предавање на англискиот јазик како странски јазик заедно со тимот наши високообразувани професори изготвија програма која вклучува многу новини во техниките на предавањата со цел да се создаде цврста основа на вештините и збогатување на фондот на зборови.


Certificate Class

Курс од 170 часа со кој кандидатите целосно се подготвуваат за полагање на испитите од трето ниво според системот за оценување на европското здружение ALTE, како Cambridge FCE, Oxford Preliminary и Michigan ECCE. Базиран на најсовремените учебници и изобилството дополнителни материјали подготвени од наши стручни тимови на консултанти. Курсот содржи и 30 часа на кои се обработуваат изминати тестови и кандидатите се запознаваат со испитните техники.

Post Certificate Modules (PC)

Четири модулирани курсеви на кои чекор по чекор се надградуваат јазичните вештини на слушателите неопходни за успешно достигнување на петтото ниво во познавањето на англискиот јазик според системот за оценување од ALTE. Овие модулирани курсеви се осмислени на начин со кој се овозможува многу брз развој на вештините, проширување на регистарот на зборови и чувството за јазикот, а истовремено се ослободени од изработка на изминати тестови.

Ученикот е тој кој од многубројните изборни часови за подготовка за полагање на меѓународните испити го одбира тестот или тестовите и одлучува во кој период ќе се подготвува.

Electives

Ова се високоспецијализирани изборни курсеви како надополнување на Post Certificate Modules. Electives курсевите подготвуваат за полагање на меѓународни испити, а слушателите го посетуваат оној што соодветствува на испитот за кој се заинтересирани.

Во моментотв ги нудиме следниве Electives:

  • CAE Elective, ALTE level 4
    (на еднакви нивоа со PC2 or PC3)
  • CPE Elective, ALTE level 5
    (на еднакво ниво со PC4)
  • TOEFL I
    (на еднакво ниво со PC1 or PC2)
  • TOEFL II
    (на еднакво ниво со PC3 or PC4)
  • IELTS
    (на еднакво ниво со PC3 or PC4)
Contact Us Test Your English On-line Lesson Add to Favorites Language - English Language - Macedonian Language - Albanian
SITE TOOLS