КОМПЈУТЕРСКИ курсеви ::
за деца
   

Следејќи го пулсот на времето, а во соработка со CITY College и останатите компании од ISON Educational Group подготвивме сеопфатна студиска програма која им овозможува и на најмладите ученици да ги развијат своите способности за логичко и алгоритмичко размислување. Програмата се заснова на програмирање и користење на апликации.
Овој тригодишен курс (или четиригодишен за помладите ученици) се обновува секоја година за да биде во чекор со најновите достигнувања во сферата на хардверот и софтверот.

Наставни нивоа

Најмладите ученици ги следат нивоата e-kids и e-super kids.

Во моментов, нашите ученици кои го следат нивото e-kids работат со Comenius Logo, Windows програмски јазик кој ги содржи сите мултимедијални елементи и инструменти на денешницава блиски на детската психа.
Како што се развива знаењето така децата постепено се воведуваат во тајните на хардверот, во начинот на работење на компјутерот, како и во посложени апликации и програмски јазици.

Кога учениците ќе го достигнат Certificate Class- последната година од овој тригодишен, односно четиригодишен курс - тие се веќе оспособени за работа со сите стандардни операции во Windows, за користење на Visual Basic, за наоѓање и користење на информации од Internet, а способни се и да креираат свои Web - страници. До крајот на годината учениците се комплетно подготвени да го полагаат престижниот испит на Универзитетот Оксфорд - First Certificate in Computing, кој го организира само Логос Оксфорд, како единствен застапник на истиот.

За најљубопитните деца кои уште од мали нозе се интересираат за компјутери, Логос Оксфорд изготви уште три нивоа како претходница на основниот компјутерски курс. E-junior нивото е специјално дизајнирано за осумгодишни и деветгодишни деца на кои им се дава можност да навлезат во светот на компјутерите преку мултимедијална средина соодветна на нивната возраст.

На крајот на основниот курс, Логос Оксфорд се погрижи и за потребите на оние слушатели кои сакаат целосно да ги користат функциите на Microsoft Office. Advanced User и Expert User нивоата ги комбинираат овие функции со напредна употреба на MS Office пакетот и програмирање во Visual Basic на повисоко ниво.
 

Contact Us Test Your English On-line Lesson Add to Favorites Language - English Language - Macedonian Language - Albanian
SITE TOOLS