ENGLISH LANGUAGE
EXAMINATIONS ::
Меѓународни испити за
познавање на англискиот јазик
 

Во денешниот конкурентен свет, дипломите се потврда на вашето познавање на англискиот јазик и се од непроценлива важност како за пристап до универзитетски позиции, учество на меѓународни конференции, така и за нови вработувања или унапредувања на работните места.

Затоа, ние во Логос Оксфорд ги подготвуваме нашите ученици за полагање на голем број меѓународни испити по англиски и германски јазик.

Нашите модулни подготвителни курсеви, како и часовите на кои се работат изминати тестови - познати под името изборни курсеви - гарантираат резултати на испитите кои забележително го надминуваат државниот меѓународен просек.

Испити на Универзитетот Кембриџ

Подготовката за полагање на испитите за познавање на англискиот јазик како странски јазик на Универзитетот Кембриџ всушност ги развива вашите способности потребни за вистинска примена на англискиот јазик, како во текот на вашето образование, така и на работното место или, пак, во општественото живеење.

  • PET - Preliminary English Test
    Успешното полагање на овој тест е неопходно за вработување во англиско говорно подрачје или за иселување во земјите во кои се говори англискиот јазик.
  • FCE - First Certificate in English
    Во минатото познат под името Lower Certificate in English ова е еден од најстарите меѓународни испити за познавање на англискиот јазик (1939), за потврдување на способноста за независно користење на јазикот. Оваа диплома е призната во областите на трговијата и индустријата.
  • CAE - Certificate in Advanced English
    Најшироко призната диплома како достигнат лингвистички степен неопходен за упис на институции за третостепено образование со англиски наставен јазик насекаде во светот.
  • CPE - Certificate of Proficiency in English
    Највисок степен од испитите за одредување на познавањето на англискиот јазик на Универзитетот Кембриџ за студентите на кои англискиот не им е мајчин јазик, најшироко меѓународно призната квалификација за упис на институциите за третостепено и постдипломско образование. Во некои земји CPE-испитот е соодветна квалификација неопходна за предавање на англиски јазик.
  • IELTS - International English Language Testing System
    Меѓународно тестирање разработено исклучиво за кандидатите заинтересирани за упис на студии или постдипломски студии на универзитетите на англиски наставен јазик.

Испитите на Кембриџ се бодуваат според петтостепениот систем за оценување изготвен од Association of Language Testers in Europe (ALTE) со кој се опфатени голем број на испити од мниогу европски јазици за добивање дипломи признати на универзитетите низ Европа и на универзитетите во Австралија и Нов Зеланд, Канада, а во последно време се повеќе и на универзитетите во Соединетите Држави и во други делови во светот. Сите овие испити се прифатени и од голем дел стопански и други организации во светот, со што остануваат применливи во текот на целиот работен век на нивните иматели.

  • TOEFL - Test of English as a Foreign Language
    Постојат два начини на тестирање: писмено и компјутеризирано тестирање. Тестовите се подготвени за одредување на способноста на кандидатите заинтересирани за упис на универзитетите во САД и во други земји во англиското говорно подрачје. Резултатите од овој испит се валидни две години.

Ние во Логос Оксфорд нудиме модулни, специјализирани, изборни курсеви наменети за подготовка за полагање на испитите CAE, CPE, IELTS и TOEFL.

Contact Us Test Your English On-line Lesson Add to Favorites Language - English Language - Macedonian Language - Albanian
SITE TOOLS