Pre-Junior Course: Нашите курсеви и изборот на наставните материјали го мотивираат детето
и му помагаат да создаде позитивен став кон изучувањето на странските
јазици. Во процесот на учењето
употребуваме многу сликовит учебник со богат избор активности кои вклучуваат
игри, песни, слушање и вежби, учење стихови и изработка на интересни
проекти. Во текот на курсот учениците ја развиваат и вештината на слушање
и изговор, учат да дадат основни информации за себе и чекор по чекор
навлегуваат во основите на англискиот јазик. "A and B Junior" Courses: Логос учениците работат со учебници специјално
дизајнирани за нашата компанија, кои содржат приказни во продолженија
со мноштво разнобојни илустрирани страници, вежби за читање и активности
за подобрување на прецизноста и флуентноста во јазикот. Напредокот на учениците
се надгледува во текот на целата учебна година преку бројни тестови
изготвени од нашите образовни консултанти.
|
|
|||||||||||||||||||
| _ |
© Logos Oxford, 2001-2006.
All rights reserved. v1.2
|
_
|
||||||||||||||||||