Нашите клиенти се центар на нашите активности. ЛОГОС ОКСФОРД својата грижа целосно ја има насочено кон индивидуалните потреби на клиентите, за нивно целосно задоволство и зголемување на бројот на нови клиенти. Со цел да ги задоволиме целосно потребите на нашите клиенти, да научиме повеќе за нив, да им излеземе во пресрет и да ги задоволиме нивните барања на начин како што доликува на една реномирана образовна институција, ЛОГОС ОКСФОРД презема значајни чекори во соочувањето со конкуренцијата. Нашето училиште за странски јазици и компјутери постојано работи во насока на подобрување на квалитетот и зголемување на довербата на клиентите. Ние нудиме голем број на курсеви за странски јазици и компјутери кои клиентот си ги одбира сам, а нивниот квалитет секогаш се подобрува: висококвалитетна настава со најсовремени наставни и педагошки методи, професионален наставен кадар докажан во својата образовна област, автентични наставни материјали изданија на најпрестижните издавачи во светот... Ние нудиме индивидуален пристап кон секој свој клиент, за нас не постојат важни и неважни клиенти, соодветни и несоодветни клиенти, клиенти со вакви или онакви потреби, за сите клиенти ЛОГОС ОКСФОРД нуди ист квалитет. Наша задача е да им се доближиме на сите наши клиенти, да создадеме пријателски однос, да им излеземе во пресрет на нивните барања и потреби. Наша цел е да изградиме професионален и пријателски однос со нашите клиенти.
|
|
|||||||||||||||||
| _ |
© Logos Oxford, 2001-2006.
All rights reserved. v1.2
|
_
|
||||||||||||||||