Логос
Оксфорд курсевите за младинци се природно продолжение на
детските курсеви и се наменети за слушатели од 12 до 16 години. Курсевите се организирани на четири нивоа AS, BS, CS и DS. Учениците кои со успех ќе го завршат овој циклус го полагаат испитот Final Diploma со што се стекнуваат со завршна диплома и го заокружуваат првиот циклус на изучување на англискиот јазик во Логос Оксфорд. Тинејџерите обработуваат многу посложени теми, фонд на зборови, граматика и функции на јазикот преку многу грижливо избрани учебници со личности од вистинскиот живот, секојдневни теми со посебен акцент на четирите основни вештини - слушање, читање, пишување и зборување. Во текот на сите овие курсеви, мотивацијата и интересите на учениците се поттикнуваат со возбудливи секојдневни теми, ситуации и личности, многубројни активности за комуникација, како и активно вклучување во работа на проекти. Јасно поставените цели на наставата и честите проверки на напредокот во процесот на учење ни овозможуваат нас и на нашите ученици постојано да си поставуваме нови цели и успешно да ги достигнуваме. Сите овие основни учебници се надополнети со грижливо избрани и адаптирани книги со граматички вежби и лектири, со кои се развива вештината на разбирање при читање и се проширува и збогатува знаењето на граматиката и фондот на зборови. Како и на останатите Логос Оксфорд курсеви, така и на овие постојано се следи напредувањето на учениците преку усни и писмени тестови и секогаш кога ќе се појават специфични проблеми, на учениците им се нудат дополнителни часови за консултации.
|
|
||||||||||||||||||||
| _ |
© Logos Oxford, 2001-2006.
All rights reserved. v1.2
|
_
|
|||||||||||||||||||